По смртта на славниот српски пејч на народни балади, Џеј рамадановски, српските медиуми се полни со сеќавања и приказни што неговите колеги од естрадата ги раскажуваат за, како што велат, човекот со големо срце, големиот позитивен лик секогаш со насмевка на лицето, човекот кој сите го сакаа и почитуваа.

Како што пишуваат медиумите, освен неговите легендарни песни, Џеј ќе остане запаметен и по неговиот специфичен начин на танцување, како и по соаботката и дружењето со многу музики ѕвезди од естрадата.

Една од нив е и една од најголемите балкански ѕвезди, цеца Ражнатовиќ, а „вечерње новости“ се потсети на една заедничка фотосесија на Џеј и Цеца, на која тие двајца наздравуваат со пијалок во раката и се бакнуваат во уста.

А, токму Цеца, беше една од оние што по смртта на Џеј јавно ја искажа својата тага од заминувањето на пејачот.

Неверојатна кариера, неверојатне глас и неверојатен човек. За жал тој не напушти прерано и не остави во шок. Зад Џеј останува неизбришлива трага на нашата музичка сцена, тој сега е дел од антологијата. Ќе го паметам неговиот ведар дух, смислата за хумор и вонсерискиот глас. Не знам што да кажам од шок, освен да му се заблагодарам за се она она убаво што го остава зад себе, а тоа е толку многу – порача Цеца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.