Ние, ниту не се збогувавме. Мајка ми почина ненадејно, од мозочен удар, на 62 години. Беше тоа удар за целото семејство, а моето збогум за неа дојде дури сега, по повеќе од две години, и тоа во вид на песна, така како што јас најдобро можам да се искажам, за ,,Фокус” раскажува поп пејачката, виолинистка и професор на ФМУ, Андријана Јаневска.
На 26-ти декември таа ја промовираше новата песна ,,Летај’ на која е комплетен автор.
Вели дека ја пуштила во етер на роденденот на мајка и Нада, како подарок за неа, но и за сите кои изгубиле некој близок и ќе се пронајдат во неа.
-„Летај” ја напишав во еден здив, додека лежев навечер пред да заспијам. Тоа се такви песни, непланирани, чиста емоција пренесена на хартија. Буквално се беше осмислено и снимено во еден ден. И тоналитетот ми прозвуче во глава уште пред да ја запеам мелодијата.Е-мол, му кажав на сопругот Гино, а потоа тој ги отсвири и останатите акорди. Ја отпеав од прва, и тоа беше тоа – раскажува Јаневска.
Повеќе на Фокус.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.