Пејачката Ана Севиќ за српски Блиц признава дека сватила како Даниел Недељковиќ е човекот на нејзиниот живот, но и дека Дарко Лазиќ се уште ги нема потпишано документите за развод.
Имено Ана претходните месеци имаше турбулентен период, а кога Дарко Лазиќ почна да закрепнува од сообраќајката, таа вели дека се тргнало по вистинскиот пат. Таа планира наскоро да застане на лудиот камен, но и недостига едно нешто, Дарко да ги потпише документите за развод.
Таа истакнува дека разделбата од Дарко не била лесна.
Разводот и разделбата се сами по себе тешки, едноставно тоа е животен пораз на кој никој не е подготвен. Колку и да сте свесни дека тоа ќе се случи, кога ќе дојде до него, тешко е. Не знаеш како тоа изгледа, се завршува нешто што си мислел дека секогаш ќе трае, тоа не се лесни работи. Сепак сега се помина и одиме во еден убав правец. Дарко закрепнува. Тој се уште не ги потпишал документите за развод. Не би навлегувала во детали зошто не го направил тоа – рекла Ана и открива како Лорена го поднела овој тежок период.
Лорена е многу мала и Дарко всушност никогаш не беше тука. На неа не и беше чудно, некако сето тоа е дел од нејзиниот живот. Тој викенди работеше, преку недела исто така не беше со нас, така што тоа не и беше голема промена за неа. Се гледаат кога тој и да посака таа да биде кај него, кога и да посака да ја чуе, ја слуша – рекла Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.