Минатата година точно на овој ден, Ана Севиќ и Дарко Лазиќ биле гости во емисијата на Саша Поповиќ, заедно со нивната ќерка Лорена. Кога Поповиќ ѝ пушти дел од ова гостување на Севиќ, пејачката не можеше да ги задржи солзите.

Јас не можам, само минута…Не можам да се помирам со тоа дека сега е сè поинаку, што се однсува на неговото здравје, рече Ана.

Жал ми е што се доведе себеси во таа ситуација. Толку ми е емотивно кога го гледам здрав, весел, ведар и кога ќе помислам што сè му се случи, многу ми е тешко, рече Ана.

Колешката Милица Павловиќ веднаш ја прегрна и побара од публиакта аплауз што Ана и Дарко уште се поддржуваат иако не се заедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.