Српската старлета Ана Кораќ имала многу естетски корекции, а доказ за тоа се нејзините фотографии од младоста.

Кораќ не крие дека направила естетски корекции и операции, па дури е и заштитно лице на една турска клиника за пластична хирургија.

Како што откри турскиот хирург во една објава на „Инстаграм“, старлетата направила мини лифтинг на лицето, подигнување на горната усна, операција на носот и конечно ревизија на носот.

Кораќ ставила и силикони, а за истите платила 3.500 евра.

Носот го оперираше неколку пати, а тоа ја чинеше околу 7.000 евра, корекција на усните – 250 евра, ги пумпаше јаболчниците – 200 евра, корекција на очите – 800 евра, го оперираше и задникот во Турција и за тоа плати 5.000 евра, па вкупно за пластичните операции искешира 23.750 евра – обелодени хирургот.

А, еве каква била Ана пред операциите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.