Ана Кокиќ (35) неодамна ја одбележа 10-годишнината од бракот со ватерполистот Никола Раѓен (33), со кого ги има ќеркичките Нина (9) и Теа (8). Годишнината ја одбележаа во Москва, каде што ватерполистот работи веќе една година, така што нивното семејство живее на две адреси. Поп-пејачката призна дека нејзиниот брак е далеку од совршен, но и далеку од развод, демантирајќи ги на тој начин спекулациите дека таа и Никола повеќе не живеат во љубов.

Никола не е љубоморен и никогаш ми се нема мешано во мојата работа. Атрактивен изглед со мала доза на провокација е посакуван на сцената и, за среќа, тој одлично го разбира тоа“, го пофали Ана сопругот, и откри за што најчесто не се согласува со него.

Кога ќе научите дека луѓе се различни, несогласувањата ги доживувате како нешто сосема нормално, а не како трагедија. Не се лутите што другата страна не мисли како вас и не се трудите да го наметнете своето мислење. Јас не сакам да се карам и секогаш ги решавам проблемите на мирен начин. Сепак, ако расправијата е неизбежна, а јас ако претерам во своето излагање, умеам да ја признам грешката. За брак се потребни двајца. Едната страна може да биде подготвена на се’, но тоа ништо не вреди доколку и другата страна не е еднакво ангажирана, искрена беше Кокиќ, откривајќи на што е подготвена за да го зачува бракот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.