Таткото на познатата пејачка Ана Кокиќ со кого таа не зборува десет години живее во Белград и работи како продавач на пазар, а по разводот на својата ќерка се огласи во јавноста

Таткото на познатата пејачка Ана Кокиќ со кого таа не зборува десет години живее во Белград и работи како продавач на пазар, а по разводот на својата ќерка се огласи во јавноста.

Мене ми е искрено жал, бидејќи и јас поминав низ таква фаза. Сепак тие се јавни личности, па на нив им е потешко за разлика од обичните луѓе. Жал ми е особено за нивните ќерки, сепак се во прашање две девојки кој дури сега го почнуваат својот живот. Јас не ги споив, јас нема ни да ги разделам, вели таткото Стеван за српски Телеграф.

Тој во јавноста откри и дека се обидел да стапи во контакт со неговата ќерка откако дознал во медиумите дека се разведува, но таа не му одговорила на повиците.

Инаку Ана Кокиќ за потсетување се разведе на Божиќ годинава по 10 години брак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.