Пејачот Дарко Лазиќ после тешката сообраќајна несреќа во која едвај преживеа, целосно ги смени животните навики. Среќната вест дека свршеницата Марина Гагиќ ќе му роди син му даде уште поголема сила да истрае во борба за своето здравје. Откако неодамна се свршија, пејачот интензивно работи на средување на неговата куќа во Брестач, каде со марина ќе го растат нивниот син.
Тој наскоро треба да стави и точка на неговиот брак со колешката Ана Севиќ, со која ја има ќерката Лорена.
Иако се разделени одамна, тие имаат проблем за договарање околу тоа на кого ќе му припадне старателството и станот во кој живееја. Поради тоа пејачот уште не е женет со Марина.
Работиме на разводот, наскоро и тоа ќе биде решено. Постигнавме договор за стартелство над Лорена, се ќе биде во ред- истакнал пејачот, иако не прецизирал кој ќе се грижи за девојчето, како не би го попречувал бракоразводниот процес.
Поради разводот кој не може да се заврши брзо, а Дарко во јуни ќе стане татко, свадбата со Марина ќе мора да почека. Таа ќе биде наредната година, кога Дарко ќе може и да запее на својата свадба. Лекарите му рекле дека полека може да почне да пее. Досега не смееше поради проблеми со градите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.