Американскиот рапер Дрејко Рулер, бил избоден со нож на музичкиот фестивал Оnce Upon a Time in Los Angeles, пишуваат медиумите. Дрејко, чие вистинско име е Дарен Калдвел, бил нападнат зад бината и во критична состојба е префрлен во локална болница.

По нападот, организаторите на фестивалот го откажаа настанот на кој требаше да пеат и Снуп Дог, Фифти Сент и Ајс Кјуб.

Полицијата во Лос Анџелес до сега не го идентификувала напаѓачот, но „Л.А тајмс“ пишува дека Дрејко бил нападнат од група луѓе и дека е тешко повреден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.