Американската R&B, соул и хип хоп пејачка и текстописец, Ерика Баду (49) сподели резултатите од брзиот тест за вирусот корона, што ја збуниле, во најмала рака.

„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на КОВИД. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа.

Таа додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат. Ерика тој ден била три пати тестирана.

„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите секогаш се тестираме пред секоја изведба. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото, а ги докажа и резултатите од тестовите како доказ.

И Извршниот директор на Тесла АД, Елон Маск (49) објави дека бил четири пати тестиран за вирусот корона во ист ден, со два теста позитивни и два негативни.

„Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД“, напишал Маск на Твитер веројатно алудирајќи на брзиот тест Becton Dickinson and Co.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.