Српската пејачка Александра Пријовиќ, изјави дека воопшто не е љубоморна и во ниту еден момент не му го проверува телефонот на својот сопруг, Филип Живојиновиќ.
Александра, која со Филип го има синот Александар, вели дека за неа не е проблем сопругот да биде и со пет други жени.
Не му го проверувам телефонот. Ако му е убаво нека сака уште пет жени – вели Алексндра.
Пејачката, сепак, обелодени дека таа и сопругот знаат да се скараат и дека притоа таа е многу пожестока во расправиите.
Јас реагирам многу поексплозивно, но кога ќе влезам во расправија со него, на крај испаѓа дека се расправам само со себе, затоа што тој нејќе да ме слуша – вели Александра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.