Американската актерка и пејачка Роуз Мекгоуан, со својата јавна кампања доведе до судски процес и пресуда за повеќе случаи за сексуална злоупотреба и напади, за некогаш славниот продуцент Харви Вајнстин. Сега таа има нова цел…
Роуз сега го обвинува сценаристот и режисер и оскаровец за филмот „Покус пат“ (Sideways), Александер Пејн дека ја силувал, пренесува „Дејли мејл“.
Актерката првпат говореше за тоа во интервју за списанието „Кат“, тврдејќи дека пред повеќе од 25 години, кога таа имала само 15 години, тој ја однел дома и сексуално ја злоупотребил. Тогаш таа не го спомна неговото име.
Дома кај него, тој ми пушти „меко порно“ што тој го направил за „Шоутајм“, секако – под друго име… Потоа имавме секс… А, потоа ме превезе до улицата… – сведочи Мекгоуан.
Таа во неколку објави на Твитер, го откри и името на режисерот – Александер Пејн. Прво го повтори описот на случката – јасно нагласувајќи го името, а потоа, во друга објава побара извинување.
Сакам само да ми се извини. Не сакам никого да уништам. Ова сум јас на 15 години – напиша Роуз Мекгоуан под нејзина фотографија од младоста.
Мекгоуан по својата претходна кампања против сексуалните напасници во филмската индустрија, го напушти Холивуд и ѝ се посвети на својата музичка кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.