Актерот Брајан Хикерсон е уапсен поради семејно насилство, откако пијан ја удрил со тупаница в лице својата девојка Хејден Панетијер. Актерката го избркала од куќата и ја заклучила вратата, а полицајците го пронашле како талка низ дворот.
Ме претепа!, врескала 30-годишната Хејден, додека Брајан одбивал да одговори на прашањата што му ги поставиле полицајците по инцидентот.
Двојката се скарала во спалната соба, а потоа проблематичниот Брајан, кој е агент за недвижности и актер, ја нападнала Хејден. Полицајците во извештајот напишале дека лицето на актерката било црвено и отечено кога пристигнале да интервенираат, а имала и гребнатини и отоци на левата рака, пренел порталот Contact Music.
Не сакам да бидам обвинет за никакви глупости, врескал пијаниот Брајан, на кого ова не му е прв агресивен испад.
Тој лани во мај беше уапсен поради напад на Хејден во Лос Анџелес, но случајот никогаш не доби судски епилог, бидејќи актерката одби да сведочи против насилниот дечко.
Хејден и Брајан се во врска година и пол. Актерката претходно беше свршена со славниот боксер Владимир Кличко (43), со кого ја има петгодишната ќерка Каја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.