Долорес Ламбаша, познатата хрватска филмска, телевизиска и театарска актерка била на врвот на кариерата кога трагично го изгуби животот во 32 година од животот.

Долорес кобната вечер се враќала од Белград за Загреб. Нејзиниот првобитен план бил со колегата Стојан Матавуљ да преспие во хотел, меѓутоа во последен момент се решиле за ноќно возење.

После забавата со пријателите Долорес и Стојан тргнале на пат за Загреб, на 23 октомври 2013 година, во 6.45 утрото, нивниот автомобил, кој го возел Матавуљ, се судрил со друг автомобил. Од силината на двата автомобили слетале од патот, а младата актерка, иако била врзана, излетала низ прозорот.

Со тешки повреди на абдоменот и внатрешно крварење, Долорес е превезена во болница, каде после неколку часа битка за нејзиниот живот, почина. Несреќата во која трагично настрада Долорес Ламбаша се случи кај Славонски брод, на истата делница на патот на која 6 години порано загина нашиот Тоше Проески.

Во последното необјавено интервју, кое го дала за хрватските медиуми изјавила дека единствена желба и е да биде жива и здрава.

За 30 години, би сакала да бидам жива и здрава. Би сакала се уште да глумам, пловам и ловам риби. Ма не ми треба мене многу. Мене можат да ме повредат само разочарувањата- рекла тогаш Долорес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.