Српската актерка Даниела Штајнфелд, позната по улогата на Мариола во филмот „Ивкова слава“, предизвика шок во јавноста откако откри дека на почетокот на кариерата била силувана од моќен човек од српската филмска индустрија, пишува „Мондо.рс“.
Засега јавноста не го знае идентитетот на насилникот.
Тој ме повезе со автомобилот и ме силуваше во автомобилот. Никогаш не сум помислила дека тоа може мене да ми се случи, особено не од човек на кој му верував. Тој беше авторитет за мене во бизнисот со кој се занимавав. Бидејќи тој е постар од мене и на повисока позиција во професијата, се однесуваше како да има право над моето тело – вели Даниела.
Даниела треба да биде сослушана, а таа откива дека не е единствената жртва на тој човек.
Јас не сум единствената што ја силуваше, но јас сум единствената која проговори за тоа. Голем проблем е тоа што жените молчат. Затоа, паѓаат во депресија, се препуштаат на алкохол, честопати се обидуваат да се убијат. И јас молчев, дури избегав од Србија во Америка за да не ме силува повторно – вели актерката зборувајќи за траумите од ужасниот чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.