Боливудската актерка, Пријанка Чопра (38), која може да се пофали дека ја има освоено титулата Мис на светот, објави фотографија од раната младост, за која нејзините фанови коментираат дека „денес не личи на себе“.

Една година откако во 2000 година ја освоила титулата Мис на светот, Пријанка се подложила на хируршки зафат за отстранување на полип од носната празнина.

Минатиот месец Пријанка ги објави своите мемоари „Незавршено“, каде што зборува и за агонијата низ која поминала поради малтретирањето на кое била изложена по неуспешната операција на носот. Како што вели актерката, тогаш го добила прекарот „пластична Чопра“.

Пријанка во своите мемоари признава дека имала корекции на носот, а причината за тоа била полипектомија. Сепак, операцијата не поминала добро, поради што таа станала мета за потсмев низ цела Индија.

Полипектомијата ми звучеше како рутинска процедура. Во мојот случај, хирургот отстрани дел од носот, што предизвика „нарушување“ на целиот нос – пишува Пријанка.

Следувале уште неколку естетски процедури, сè додека Пријанка не станала задоволна со своето ново лице.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.