Српската пејачка и водителка, Вики Миљковиќ, со години е во среќен брак со сопругот Драган Ташковиќ Ташке, но сепак има мажи кои би сториле се за да ја освојат.
Kако што пишува „Курир.рс“, едно од нив е М.Р., кој живее во Нови Пазар и би го дал целото свое богатство само пејачката да пее за него на прославата на раѓањето на неговиот син. Постои и посебна причина за ова.
Како што раскажал М.Р. за „Курир“, Вики е негова нереализирана љубов од младоста, а бидејќи во тоа време му била недостапна, сега кога станал успешен бизнисмен, тој сака да го одврзе кесето и нуди да и плати дури 30.000 евра за настап.
Вики е најдобрата пејачка на сите времиња. Не кријам дека сум бил лудо заљубен во неа. Сите мои жени го знаат тоа. Кога бев младо момче, сакав да ја слушам и гледам. Секогаш кога ја гледав на некој настап, се плашев да и пристапам бидејќи секогаш до неа беше нејзинот сегашен сопруг. Не сакам да ја расипам нејзината среќа, ја почитувам пред сè, но таа засекогаш ќе биде во моето срце. Колку е постара, толку е подобра, поженствена и поубава жена. Ма, таа е вистинската дива… Каква Цеца, Јеца, оваа или онаа. Вики е закон за сите нив на естрадата – вели овој бизнисмен, кој има план како да ја донесе Вики на приватниот концерт.
Таа пееше на свадбите на мој пријател, неколку пати. Во Србија и Швајцарија. Ќе земам број од него и ќе ја ангажирам за мојата радост, што ја планирам напролет, кога ќе се роди син ми. Верувајте ми, јас со нетрпение очекувам да ја видам на мојата прослава и повеќе се радувам на тоа, отколку на раѓањето на детето. Таков сум, што да правам. Фала му на Бога, имам деца, тие се живи и здрави, на мојот наследник нема ништо да му недостасува, но ако таа се согласи да дојде и да пее за моја душа, тогаш можам и да умрам – завршува соговорникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.