Изгледа дека притисокот од јавноста, по откривањето на афера за затајување данок, оставил последици врз изгледот на Шакира. Пејачката е обвинета дека не платила данок во вредност од 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година.

Во поднесената тужба се тврди дека Шакира ги навела Бахамите како свое официјално живеалиште поради данокот, но дека, всушност во тој период живеела во Шпанија со својот партнер.

Тужителите во Барселона наведуваат дека патувала во странство кратко поради професионални обврски, додека поголемиот дел од годината го минувала во Шпанија. Тие бараат да плати данок во Шпанија на приход од целиот свет.

Од тој момент нејзината популарност почнала нагло да опаѓа. Веќе не е една од омилените пејачки, а нејзината кариера исто така почнала да страда. На неодамнешната конференција се појавила во друштво на Џенифер Лопез, а на сметка на нејзиниот изглед пристигнале само негативни коментари.

 

View this post on Instagram

 

Loving @jlo’s purse with my birth date on it!! 😜

A post shared by Shakira (@shakira) on


На нејзиното лице се гледа умор и воопшто не личи на жената која мамела погледи каде и да се појави.

Покрај Џенифер изгледа смешно, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

Press conference. ShakHQ #SBLIV #PepsiHalftime

A post shared by Shakira (@shakira) on



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.