Во август претходната година пејачката Аделина Тахири се реализира во една од најубавите улоги – мајка. Имено, таа и нејзиниот сопруг станаа родители на своето прво дете, синчето Jон.
Бидејќи се породи во август претходната година, Тахири како и многу жени по породувањето се соочи со вишок на килограми, што и е нормално.
Меѓутоа, пејачката одлучила овој „проблем“ да го реши и да ја врати својата витка фигура.
Имено, пејачката на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која ја крена маичката и го покажа голото стомаче, а под маичката може да се види нејзината витка линија.
Во објавата се пофали дека ослабела 9 килограми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.