Аца Лукас неодамна ја издаде песната „Имам проблем“ во дует со Маја Беровиќ, а на промоција на истата се појави со неговата нова девојка.
Лукас деновиве беше гостин во емисијата „Амиџи шоу“ каде што проговори за својата нова љубовна врска и за својата девојка.
Искрено сум заљубен и таа се вика Јована. Убаво ни е и уживаме. Ја сретнав на една изложба, потоа вторпат се сретнавме во библиотека, а трет пат се видовме кога пријавував докторат на факултет, вели Лукас.
Во еден дел од емисијата, Огнен на гостите им поставуваше прашања кои пристигнале од „Инстаграм“.
Како не ти беше срам да се бакнуваш со девојката пред медиумите? гласеше прашањето за Лукас.
Јас не се бакнував пред медиумите, се бакнував со својата девојка, а тоа што медиумите ме видоа е нивен проблем. Проблем ли е што се бакнував? Некој не може да се бакнува ни приватно бидејќи нема никој, јас секогаш имам. Кога имам, јас се бакнувам , вели Лукас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.