Годинава што си заминува освен што може да ја окарактеризираме како музички сиромашна, слободно можеме да кажеме дека беше и трачерски сиромашна. Некако помина без големи скандали и потреси,ја одбележа по некој концерт, некој сингл, свадби, бебиња…
Но ајде да почнеме од ред. Меѓу познатите кои оваа година го изговорија судбоносното „да“ се Симона Попоска, Јоце Панов, Стефан Богоев, Филип Талески, Мартин Вучиќ, Нина Јанева…
Родители, пак, станаа Сара Мејс и Димитар Атанасовски и Тамара Тодевска која пред две недели на свет го донесе Дарен.
Во однос на скандали, не дека ги немаше, но не беа многу за број. Најмногу внимание секако привлече најавата за развод на Елена Велевска која првично го обвини сопругот за семејно насилство, па потоа се предомисли и кажа дека психички ја малтетирал, а не физички и реши да му даде уште една шанса на бракот, како и раскинувањето на долгогодишната врска на Ирена Спасовска и Орце Гелевски кој ја обвини фолкерката за неверство.
Концерти, пак, имаше колку што душа ни сака. Цеца, Брена, Јоксимовиќ, Аца Лукас и во 2018 година ни беа гости, Каролина и Нокаут беа единствените од домашните изведувачи кои организираа коцертни спектакли, а од светски музички имиња имавме можност да ги чуеме и видиме Анастејжа, Армин Ван Бурен, Postmodern Jubox… Но, затоа, паднаа најави за 2019, па така идната година ќе уживаме во музиката на Ерос Рамацоти, Стинг, Лени Кравиц. Енрике Инглесијас…
Албуми објавија Теа Трајковска и Викторија Лоба и тоа е се!
И кога ќе се собере и одземе се, горе – долу , ова се естрадните случувања кои што ја одбележаа 2018 година. За некои многу, за некои малку… Одиме со нови сили во 2019! Среќна нова!
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.