Единствениот преживеан во тешката сообраќајка во која животот го загубија кралот на народната музика Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, неговиот кум Слободан Бобан Стојадиновиќ за „Блиц“ открил дека во моментот на несреќата Шабан имал многу пари кај себе.
Во јавноста се појавија шпекулации дека од автомобилот во кој загинаа пејачите биле украдени околу 15.000 евра, но Стојадиновиќ не може со сигурност да го потврди тоа. Единствено потврдува дека во моментот на несреќата Шабан имал во себе пари од три настапи, а тоа се многу пари.
Еден негов настап чини многу, не морам да кажам колку, но можете да претпоставите. Сведок сум дека на последните три настапи заработивме преку 20.000 евра. И да потрошил нешто во последните седум дена, колку може да биде тоа? Со себе имаше околу 15.000 евра, сигурно. Мене ми даде, купував нешто, и му викам: Зошто, бе куме, толку пари носиш со себе, а тој ми врати „сакам да имам пари со себе“. Ги носеше во јакната. Не му реков ништо повеќе, секогаш имаше пари кај себе. Видете, не знам дали се украдени, немам поим. Не можам да кажам такво нешто, зашто се беше растурено. Јас носев ташничка на вратот, напред, ми ја исекоа за да можат да ме извадат, но тој ги носеше парите во јакната, не можеле да испаднат, раскажал Боби Стојадиновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.