Двајца странци, туристи, сместени во хотел во Скопје се проверуваат за присуство на коронавирус. Едниот е од Сингапур, а другиот од Австралија. Ставени се во изолација и резултатите се очекува да бидат готови за 3-4 часа, информираше Венко Филипче, министер за здравство, на редовната прес-конфренција која се одржува секој ден откако во Скопје се потврди засега еден случај на новиот Ковид-19.

Странците, туристи во Скопје пристигнале на 28 февруари, а три дена имаат симптоми слични на настинки. Двајцата допатувале со авион на „Визер“ од Келн.

Туристите не излегле од соба и нема да излезат додека не се добијат резултати. Во моментов епидемиолозите им прават интервју, тие треба да кажат со кого биле во контакт. Земени им се брисеви и пратени се на изработка и се чека тие да бидат готови за три до четири часа. Кога ќе ги добиеме резултатите ќе знаеме по кој алгоритам ќе дејстуваме, рече Филипче.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.