Според последните објавени податоци од Министерството за здравство, од вкупно регистрираните 193 случаи, само во Скопје се евидентирани 140.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.482 бројката на оздравени пациенти е 1.803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469. Скопје има 2.137 случаи, од кои активни се 1.425.
Најголем број активни случаи и натаму има во Чаир – 306, по што следува Аеродром со 119 активни случаи, Гази Баба и Центар со по 114 случаи, Бутел со 106 случаи, Карпош со 100 случаи и Сарај со 95 случаи. Активни случаи има и во Кисела Вода – 71, Ѓорче Петров – 57, Студеничани – 62, Шуто Оризари – 46, Арачиново – 33, Илинден – 28, Петровец – 12, Сопиште – 11, Чучер Сандево – 7, Зелениково-1….
Интензивно се работи на идентификација на контактите, со вообичаените пречки со кои епидемиолозите се соочуваат, практично секојдневно. Интензивно се работи во однос на идентификување на контактите кои треба да се тестираат и другите кои треба да се стават во изолација, рече Филипче на вчерашната прес-конференцијата.
Според директорот на Институтот за јавно здравје Арбен Зибери, поголемиот број заболени се постоечки кластери каде заразата се шири меѓу членови на семејството, но има и некои нови кластери.
Во последните десет дена односно две недели ние секој ден имаме повеќе од 100 новодијагностицирани. Зголемен е обемот на работа доста, засега немаме проблеми со епидемиолошките анкети. Денес во Комисијата за заразни болести беше договорено освен сегашните биолози да ни се приклучат и доктори од трудова медицина и епидемиолози од Воената болница, рече Зибери во онлајн гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.