Шест нови случаи на морбили регистрирале здравствените власти. Пет од заразените со мали сипаници се деца, а еден е возрасен. Ниту едно од децата не било вакцинирано, објави „Макфакс“.

Неофицијално од Министерството велат дека не се исклучува можноста уште денеска да прогласат епидемија на ниво Град Скопје, по информациите дека сипаниците се шират и дека новите случаи се од Гази Баба, Чаир, Бутел и Шуто Оризари.

Минатата недела во Институтот за јавно здравје беа потврдени два случаи со мали сипаници – 2,5 годишно дете од Куманово и жена на 32 годишна возраст од Шуто Оризари. И тие не биле вакцинирани со МРП и немале контакт со претходно заболените шест деца од градинката во скопската населба Радишани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.