По пауза од 26 дена, во Македонија повторно се регистирани 40 новозаразени од ковид-19. Денеска Министерството за здравство соопшти дека има 40 нови случаи од 549 теста кои се направени и еден смртен случај.
На 25 април беа регистрирани 41 позитивни на коронавирус од 729 тестирани.
Новиот раст на заболени од ковид-19 доаѓа по 18 дена откако беа регистрирани само петмина новозаразени. На 6 мај во Скопје не беше регистрирани ниту еден позитивен, првпат по речиси два месеца.
Најмногу од денешните новозаразени 26 случаи во Скопје се во Аеродром – 9, во Чаир се 6, во Сарај 4 и во Центар 2. Во општините Кисела Вода, Петровец и Гази Баба има по еден случај.
10 од денешните 40 нови случаи на ниво на Македонија, пак, се во Тетово.
Специјализантот по епидемиологија Наим Скендери од Центарот за јавно здравје – Тетово денеска изјави дека од нив повеќето се луѓе кои биле во контакт со заразено лице, но и дека има нови кластери, што според него, е најголемиот ризик за зголемување на бројките.
Останатите 4 случаи кои влегоа во денешната статистика се од Куманово, Прилеп, Велес и Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.