Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека двегодишно дете е најмладиот пациент во земјава заболено со коронавитусот.

Двегодишно дете е заболено од Скопје, заедно со своите родители имаат позитивни тестови на вирусот, но се во стабилна состојба и се во домашно лекување, рече Филипче.

Филипче денеска на прес – конференција потврди дека во изминативе 24 часа, до 12 часот има 12 нови случаи на корона вирус, седум од заразените се од Скопје, а пет од Куманово.

Со ова вкупната бројка на заразени од корона вирус во земјава се искачи на 148 лица, едно лице е излекувано, а две починати. Најмногу заразени има во Скопје, 88 лица, 40 во Дебар, во Куманово осум, во Охрид, Штип и Гостивар.

Дваесет и девет пациенти се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, а таму една пациентка е на респираторни апарати, а шест пациенти се со потешка клиничка слика, кажа Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.