Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Албанија, со епицентар 160 километри југозападно од Скопје, информираат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил почувствуван од населението особено во југозападните делови на Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.