По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 (среда) ќе се одржи централна прослава “30 години независност”.

Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 (недела), од 07,30 до 12,30 и од 15,30 до 20,00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: -бул.”Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул.”Кузман Јосифовски Питу” до ул.”Кирил и Методиј”. – ул.”11 Октомври ” на потег од ул.”Крушевска Република” до ул.”Димитрие Чуповски”. -ул.”Филип Втори” на потег од бул.”Гоце Делчев” до ул.”11 –ти Октомври”. -Кеј “13–ти Ноември” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Мирче Ацев” на потег од ул.”Филип Втори “до бул.”Кочо Рацин”. -ул.”Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул.”Климент Охридски” и – ул.”Даме Груев” од крстосница со ул.”Македонија” до ул.”11-ти Октомври”



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.