Поради свлечиште и голем одрон на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на патниот правец Р1402 Струмица – Мокрино – Смолари, кај Мокрински Извори, е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по претежно суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.