Патниот правец по обиколница Велес – Скопје кај Хиподром е целосно нормализиран, соопштија од АМСМ.
ООбиколницата вчера беше блокирана поради сообраќајка на патничко возило „Хонда“ кое излета од патот на клучката Хиподром кон Обиколницата, при што беа повредени три лица.
АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози и дека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.