Македонија утрово според светската страница за мерење на воздухот „Аирвижуал“ се наоѓа на четвртото место во светски рамки според загаденоста на воздухот.
Нашата земја овие денови никако да се симне од првите 10 места од оваа топ листа на најзагадени земји и градови во светот.
Според резултатите ова утро во Скопје најзагадено е скопско лисиче со 248 ПМ 10 честички на метар кубен, потоа Миладиновци со 164 ПМ 10 честички на метар кубен, а потоа и ректоратот во Скопје со 101 ПМ 10 честички, најзагаден град во внатрешноста денеска повторно е Кавадарци, потоа следува Струмица и Велес.
Град Скојје завчера доцна попладнето донесе и мерка за воведување на беспатен јавен превоз се со цел граѓаните да го користат за да се намали загадувањето во главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.