Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100м. има на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 40 – 50м. на патниот правец Тетово – Скопје, до 100м. на патниот правец Куманово – Страцин, од 30 – 50м. на патните правци Битола – Прилеп и Кичево – Охрид, од 80 – 100м. на патниот правец Велес – Штип, до 100м. на патниот правец Неготино – Дemir Капија и од 80 – 100м. на планинскиот превој Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.