Денеска во Скопје официјално ќе започне 22. Модниот викенд во чиј фокус ќе биде одржливата мода, авчера вечерта, на иницијатива на првата дама Елизабета Ѓоргиевска и во организација на кабинетот на ретстедателот на државата, на платото на претстедателска Вила Водно се одржа „час по историја“ за македонската мода.

Настанот насловен „Три генерации македонска мода – пренос на знаење“  го отвори сопругата на претседателот Пендаровски. Првата дама со пиетет зборуваше за основоположниците на модата во Македонија и важноста да се поддржат младите креативци во нивните понатамошни надградувања, како образовно, така и кариерно.

Таа ја нагласи нужноста за одржливо, еколошко и етичко работење во модната и текстилната индустрија која тешко беше погодена од пандемијата. Првата дама исто така акцентираше дека со промоцијата на македонскиот дизајн се промовира својата земја и дека таа инсистира на официјални настани во странство да носи креации на македонски дизајнери.

Преку промоција на младите дизајнери, да го поддржиме развојот и унапредувањето на македонскиот дизајн, а преку него заштитата на културното наследство и воедно промоција на текстилната индустрија, која има важен удел во развојот на економијата во земјава. Неопходно е да се стави акцент на еколошкиот момент во дизајнот и грижата за животната средина преку креации од рециклиран материјал, рече Ѓоргиевска.

На настанот свое видување и искуста споделија и дизајнерката со светска кариера и редовен професор на Институтот за дизајн и инженеринг на облека на ТМФ, Лидија Георгиева. По неа следеше излагањето на вонредната професорка во пензија и костимографЗорка Тодорова-Младеновиќ, а презентција на своите досегашни трудови и визии за иднината покажаа двете апсолвентки при Институтот за дизајн и инженеринг на облека на ТМФ/УКИМ – Љубица Беќарова и Катерина Димитровска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.