Педесет и двегодишната Светлана Лаурел ја убила својата ќерка за да му се освети на сопругот, пренесува „Блиц.рс“.

Трагедијата се случила во Вашингтон, кога Лаурел се појавила во куќата на поранешниот сопруг. Нејзиниот 12-годишен син ја пуштил внатре, а таа го врзала и му ставила чорап во устата. Со пиштол му се заканувала и му зборувала како неговиот татко и го уништил животот.

Кога 14-годишната Натали и нејзиниот татко се вратиле дома, Лаурел го врзала и сопругот, а нејзината ќерка успеала да избега на другиот спрат и да повика полиција.

Потоа се случило убиството, а полицијата веднаш ја уапсила Лаурел.

Одбиена и е кауција, а покрај убиство, на терет и се ставаат и киднапирање и заробување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.