Лицата постари од 40 години се најпродуктивни кога работат три дена во неделата или помалку, покажува Извештајот објавен за едно истражување кое било спроведено на институтот во Мелбурн.
Истражувањето било спроведено врз 3.000 мажи и 3.500 жени кои одговарале на прашањата за своите работни навики, решавале когнитивни тестови и донесувале заклучоци. Задачите ги решавале многу лесно до 25-от работен час, а потоа се потешко и потешко.
За изненадување е дека пензионерите, но и невработените постигнале подобри резултати на когнитивните тестови за интелигенција од оние кои работат повеќе од 55 часа неделно, а стандарно работно време е 40 часа во неделата.
– Работата е всушност меч со две острици. Од една страна може да ги стимулира мозочните виуги, а од друга страна долгото работно време може да предизвика стрес и потенцијално да ги ослабне когнитивните функции – наглалси еден од авторите на истражувањето Колин Мекензи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.