Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега!
На 21 јули од 19 до 20:30 часот, во „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади во која тие преку различни забавни и креативни активности (игри со временски капсули, пишување на стари писма, разгледби на Скопје пред земјотресот) ќе го видат градот со поинакви очи.
Овој настан е дел од серијата настани „Земјотресна недела“ посветени на 60 години од скопскиот земјотрес ,во организација на култното место кое го слави градот, Бруталиск.
Работилницата ја води Александра Тодоровиќ која во својата „Љубов голема колку Скопје“ веќе им го претстави градот преку една љубовна приказна. Искусна во ова што го прави, со многу успешни работилници зад себе, Александра ги води децата низ едно несекојдевно патување во времето.
Качете се во временската капсула – Скопје ве чека, Скопје ве сака!
Книгата за деца „Љубов голема колку Скопје“, која е инспирација за оваа работилница ќе може да се купи по промотивна цена вечерта во Бруталиск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.