Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 672 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 нови болни и 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 74 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 144 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 8 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болни.
Вкупно 679 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.