Кога од Гугл се обиделе да ги снимат германските улици, Германците „полудеа“, а имаше и инциденти во кои граѓаните ги кршеа возилата и камерите на интернет-гигантот, објави „Курир.рс“.

Генералниот став е дека во Германија Google street view не е добредојден. Од своето започнување со работа во 2007 година, Google maps мапираше милиони километри на улици ширум светот, снимаше дури и во вселената и океаните, но во Германија немаше пристап.

Ако на Google maps кликнете на иконата за street view (улично гледање), се појавува интересна слика: цела Европа е прекриена со сини линии кои индицираат дека апликацијата е достапна, но Германија и Австрија се речиси целосно празни.

Има неколку причини за тоа, а еден од нив е тоа што Германците се „љубоморни“ на својата приватност, а тоа е став кој го делат своите културолошко блиски соседи од Австрија.

Германците се екстремно посесивни околу своите лични податоци и ги шокира подготвеноста на остатокот на светот да ги споделуваат своите имиња, адреси, листи на пријатели и историјата на пребарување на интернет.

Според истражувањето објавено во магазинот „Харвард бизнис ривју“, просечниот Германец е подготвен да плати до 184 долари за да ги заштити своите лични здравствени податоци. Од друга страна, тоа на просечниот Британец му вреди максимално 54 долари, додека за Кинезите тој трошок би можел да биде и едноцифрен.

(фото: профимедиа)

Причина е траумата од двата тоталитарни режими над нивните глави во своето блиско минато – Третиот Рајх и комунистичката Источна Германија.

Двата режими спроведувале тотална контрола над своите граѓани, а во годините на нацизмот најважен инструмент на државата била тајната полиција Гестапо, додека во Источна Германија тоа биле Штази.

Во тие системи граѓаните навистина го загубиле своето право на приватност и можеле да бидат прогласени за криминалци поради своите приватни мисли и работи, што резултирало со строги казни.

Како и многу други аспекти на нацистичкото владеење, пост-воена Германија ја применувала „ni vider“ (никогаш повеќе) политиката кога станува збор за кршење на приватноста.

Тоа е една од причините зошто првиот член на Уставот на тогашната пост-воена Западна Германија вели: „Човечкото достоинство ќе биде неприкосновено. Неговото почитување и заштита е должност на сите државни тела“.

Германците плаќаат во готово, а не со картички

Странските компаии кои работат во Германија мораат да се прилагодат на некои од најстрогите закони за приватност во светот. Но „никогаш повеќе“ тешко се одржува во свет кој сѐ почесто ги минира и ги монетизира личните податоци. Како резултат на тоа, незапирливиот напредок на дигитализацијата се надгледува со мешавина на фатализам и несигурност во оваа земја.

(фото: профимедиа)

Пример е поделеноста на Германија за социјалните мрежи. Иако инстинктивно не им веруваат на големите компании како што се Гугл и Фејсбук, Гугл во Германија покрива 90 отсто од пазарот за пребарување, додека на Фејсбук-профили имаат повеќе од половина од Германците.

И додека германската макроекономија се потпира на високите технолошки достигнувања за да го заджи својата глобална позиција, на микроекономско ниво „старите добри“ пари во готово и понатаму се најважни.

Гугл во август 2010 година објави дека повторно ќе ги фотографира улиците на 20-те најголеми германски градови до крајот на таа година. Граѓаните во земјата беа гневни на таа одлука. Некои од автомобилите на Гугл со камери целосно беа уништени, а 70-годишен Австриец кој не сакал неговата фотографија да се појави на интернет му за заканил на возачот со градинарски алат.

Гугл автоматски ги замаглува лицата и регистарските ознаки на возилата, а со посебно барање и предната страна на куќите. Само 3 отсто од домакинствата на релевантните подрачја во Германија не побарале нивните куќи да бидат замаглени.

Соочени со толку високо ниво на отпор, Гугл во 2011 година ги објави веќе собраните податоци, но остана на тоа. Оттогаш, улиците во Германија повеќе не се снимани. По откритието во мај 2010 година дека Гугл ги употребил податоците од некодирани wi-fi врски за време на воспоставување на нивните панорамски слики, street view беше забранет во Австрија. Гугл од 2017 година продолжи да собира фотографии во Австрија, а од 2018 е достапен за одбрани локации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.