Рускиот претседател Владимир Путин им порача на граѓаните дека многу добро разбира дека е тешко да се живее меѓу четири ѕидови, но сега тоа е неопходно за земјата да се избори со пандемијата на коронавирусот.

Се уморивте, врз вас паднаа премногу финансиски и животни проблеми. Нарушен е вашиот животен ритам. За повеќето од вас ваквото седење дома е мачно и досадно. Меѓутоа, немаме друг избор – изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Според него едно нешто е од исклучителна важност.

Знаете што е уште од исклучителна важност? Тоа што сме обединети. Зборувам за докторите и медицинските сестри кои работат несебично, како еден тим. Прв пат во последните неколку децении видовме колку е важна нивната улога. Зборувам за волонтерите, доброволците чиј број секојдневно расте, но и за спортистите, уметниците и новинарите кои се вклучени во тоа – нагласи Путин.

Рускиот претседател порача дека покрај нив и други милиони граѓани на Русија исто така се грижат за своите соседи, членови на семејството и родителите, а искажуваат и исклучително висока цивилна одговорност.

Во обраќањето, Путин им порача на Русите дека сето ова ќе помине, баш како што сѐ секогаш поминува.

Драги пријатели. Сѐ поминува, ќе помине и ова. Не е прв пат нашата земја да поминува низ сериозни предизвици. Ќе ја победиме и инфекцијата на коронавирусот. Заедно ќе победиме сѐ  – порача Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.