Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која го почна глобалното движење за климата, им испрати силна порака на американските пратеници и им порача „да се разбудат“.

Знам дека се трудите, но не се трудите доволно силно, извинете! Не нѐ канете овдека само за да ни кажете колку сме инспиративни без нешто навистина да преземете“, изјави 16-годишната Тунберг.

Тунберг (16) е во шестдневна посета на Вашингтон. Таа говореше пред демократските пратеници и активисти и ги повика да ги следат научните предупредувања и да протуркаат силни мерки во борбата против климатските промени.

Не е ни време ни место за соништа. Време е за будење“, кажа Тунберг.

Тунберг мина ден во Конгресот, а на патот кон американскиот врховен суд им се придружи на млади американски активисти кои привлекуваа внимание пред утрешниот климатски протест.

Не сакам да ме слушате мене, туку научниците“, порача тинејџерката.

Тунберг го почна движењето „Петок за иднината“ со кое се бара од Владата активно да се вклучи во борбата против климатските промени. Таа учестуваше на Меѓувладиниот панел за климатските промени од 2018 и повика на брзи и невидени промени во начинот на животот на луѓето за да се спречи пораст на температурата од 1,5 Целзиусови степени до 2030 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.