Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека го повикале германскиот амбасадор во Москва на разговор поради изјавите на Берлин за ситуацијата во врска со рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални.
Навални беше хоспитализиран на 20 август во Омск, откако му се слоши во авион.
Неговите приврзаници тврдат дека тој е отруен и дека зад тоа стои Кремљ, што Москва го отфрла.
Навални подоцна, беше префрлен во клиниката „Шарите“ во Берлин.
На 2 септември, германската Влада, повикувајќи се на лабораторијата на Бундесверот, објави дека Навални бил отруен со супстанца од групата хемиски вбоеви отрови Новичок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.