Во последните неколку месеци Индија прераспределила најмалку 50.000 дополнителни војници долж границата со Кина со цел да ја зајакне својата позиција во регионот.

Индиските медиуми јавуваат дека индиското Министерство за одбрана распоредило војници и единици на военото воздухопловство во три погранични области. Во моментов, на границата со Кина се концентирани вкупно околу 200.000 индиски војници, што е за 40 отсто повеќе од минатата година.

И Кина неодамна испрати дополнителни воени сили на располагање на воената команда во Синџијанг, која е одговорна за патролирање во спорните области долж границата со Индија, во подножјето на Хималаите.

Кина гради бункери и писти во пограничните области, велат извори за индиските медиуми, иако се уште нема официјални коментари за таа информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.