Малезиските здравствени власти изразија загриженост поради зголемениот број смртни случаи од корона вирус и сериозните случаи кај деца, откако драстичното зголемување на вкупните инфекции ја принудија оваа држава во југоисточна Азија да воведе целосен карантин.
Премиерот Мухидин Јасин прогласи „целосна блокада“ од 1 до 14 јуни, бидејќи дневните смртни случаи од корона вирусот достигнаа рекордни бројки, а Владата предупреди дека влошената епидемиолошка состојба е поврзана со заразните мутации на вирусот.
Три деца на возраст под пет години починаа од корона вирус во првите пет месеци од годинава, а ист број е регистриран и во текот на 2020 година – изјави генералниот директор на малезиското Министерство за здравство, Нур Хишам Абдулах.
Вкупно 27 деца, вклучително и 19 на возраст под пет години, морале да се лекуваат на интензивна нега во периодот меѓу јануари и мај откако биле заразени со Ковид-19, за разлика од осум случаи минатата година.
Министерството за здравство се надева дека сите страни, особено родителите и старателите, ќе играат важна улога во заштитата од Ковид-19 на лицата со низок имунитет, како што се бебињата и децата – истакна Нур Хишам.
Претходно, малезискиот министер за здравство Адхам Баба изјави дека вкупно 82.341 дете биле заразени со корона вирусот од јануари минатата година до 30 мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.