Кејли Мекенани, прес секретарката на американскиот претседател Доналд Трамп, од денеска е новата портпаролка во Белата куќа. Таа има 31 година и дипломирала на Харвард.

По повеќе од еден месец поминат во Белата куќа, Трамп заедно со својата сопруга Меланија, денеска отпатуваа во претседателскиот ресорт Кемп Дејвид во Мериленд, и шефот на државата нема да држи брифинг.

На негово место се очекува да настапи Мекенани. Брифингот започна во 14 часот по локално време.

Најпозната и најактивна претходничка на Мекенани беше Сара Сандерс, додека Шон Спицер и Стефани Гришам имаа кратки ангажмани како портпароли на Белата куќа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.