Австралиските власти објавија дека денес уапсиле повеќе од 250 учесници во демонстрациите против рестриктивните мерки воведени поради корона вирусот, јавува агенцијата Бета.

Протести се одржаа во неколку градови, а најголемиот беше во Мелбурн, каде имаше жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите испукаа разни предмети кон полицајците, кои возвратија со солзавец.

Имаше судири и на протестите во други градови, а најмалку седум полицајци беа повредени. Многу демонстранти беа казнети за кршење на прописите поврзани со пандемијата со корона вирусот. Сиднеј е веќе два месеци во режим на карантин, а тоа беше беше воведено во Мелбурн и Канбера овој месец.

Поради мерките што се во сила, луѓето се претежно дома, а воведени се ограничувања за собирање. Демонстрантите бараат укинување на карантинот, додека властите велат дека се потребни строги мерки за да се спречи ширењето на вирусот и да се спасат животи.

Неколку австралиски градови беа тешко погодени од пандемијата поради ширењето на многу заразната делта варијанта на корона вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.