На протестите во Париз против воведувањето на ковид-пасошите дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите.

На улиците имало голем број на полицајци, а на моменти доаѓало до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата, опремена за разбивање на демонстрации.

Полицајците испукале шок бомби и користеле солзавец против демонстрантите, а на социјалните мрежи се споделуваат снимки, со коментар дека полицијата е многу поагресивна денеска отколку во текот на претходните собири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.