Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтер го погоди источниот дел на Јапонија утрово, објави јапонската Метеоролошка агенција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на брегот на префектурата Чиба, во близина на главниот град Токио. Не е објавена тревога за цунами.
Земјотресот бил со јачина од 4 во јапонска скала, што се движи од 1 до 7 и се почувствувал во делови од централно Токио. Засега нема извештаи за штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.