Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала регистриран е во областа Големо Езеро, северно од Енкориџ на Алјаска.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт, по првиот уследил уште еден земјотрес со интензитет од 3,9 степени.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.