Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека украинските сили водат жестоки битки во важниот источен град Бахмут, кој Русите се обидуваат да го освојат.
Иако украинските сили зазедоа илјадници квадратни километри територија во неодамнешните офанзиви на југ и на исток, украинските власти претпазливо велат дека напредокот најверојатно ќе биде побавен бидејќи ќе наидат на порешителен отпор.
Руските сили веќе извесно време се обидуваат да го заземат Бахмут, на главниот пат меѓу Славјанск и Краматорск во Донбас, регион кој Русија го поседува, но сè уште не е целосно под нејзина контрола.
Заземаме позиции во Донбас, особено во Бахмут, каде што сега е многу, многу тешко. Се водат тешки борби – изјави Зеленски во видео порака.
Тој го повтори својот повик до западните сојузници да испратат повеќе противвоздушни системи додека Русите продолжуваат да истрелуваат ракети врз украинските градови и да користат ирански беспилотни летала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.